Европа го губи Ф1 курсот: Саудиска Арабија доби(ва) Ф1 трка!

Саудиска Арабија наскоро добива трка од Ф1, информираат светските авто-мото агенции.

Преговорите веќе биле во тек меѓу ФИА и организаторот и биле во завршна фаза, пас е очекува во Саудиска Арабија да се слушне звукот на Ф1 моторите.

По ГН на Бахреин и Обединетите Арапски Емирати, С. Арабија, ќе стане трета земја од тој дел на светот, во која ќе се вози една Ф1 трка.

Саудијците планираат да направат патека во близина на градот Џед, а само лиценца за одржување на трката ќе ги чини околу 50 милиони долари годишно.

Сите трошоци околу изградбата на патеката и организацијата, ќе обезбеди најголемата нафтена компанија во Персискиот залив, Арамко.