Евролига за Пеце: Македонскиот бисер!

Сајтот на елитното европско кошаркарско натпреварување денеска му посвети внимание на поранешниот капитен на македонската репрезентација Петар Наумоски.

Опишан како „македонскиот бисер“, екс-играчот на Југопластика, Работнички, Ефес Пилсен, Бенетон, Монтепаски и Улкер, според авторот, е еден од двајцата најдобри македонски кошаркари во историјата, заедно со Благоја Георгиевски Буштур.

Тој посетува на 24-те освоени трофеи во кариерата од кои две во Евролигата (тогашен Куп на европски шампиони), еден во Купот Радивој Кораќ и еден во Сапорта Купот, заедно со титулите во сите земји каде што настапуваше – Југославија, Италија и Турција.