Евролига на 80 километри од Македонија

Ситуацијата со корона вирусот го натера шесткратниот европски првак Макаби Тел Авив, натпреварите од елитното континентално натпреварување да ги игра далеку од својот дом.

Поради зголемениот број заразени со ковид-19, Израел воведе големи ограничувања за влез и престој во земјата, а со тоа се комплицира евентуалното гостување на екипите и кошаркарите во оваа држава. Поради тоа, своите натпревари Макаби најверојатно ќе ги игра во Солун, град кој е оддалечен околу 80 километри од границата со Македонија и околу 230 од Скопје.

Сезоната во Евролигата почнува на 1 октомври, а прв ривал на израелскиот претставник ќе биде Алба Берлин.