Кошаркарите на Баерн Минхен стигнаа до нова, осма победа сезонава во Евролигата на домашен терен во последниот меч од 11. рунда и одржаа лекција на Барселона славејќи со убедливи 100-78.
Баварците уште од самиот старт го презедоа водството и во текот на сите четириесет минути само ја зголемуваа предноста за на крајот да стигнат и до конечни 100-78.
Обст кој го урна рекордот со 11 тројки на еден натпревар со 34 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Џабари Паркер заврши со 26 поени.