Еве шанса за женската репрезентација: Македонија ќе биде домаќин на квалификациите за СП

Македонија ќе биде домаќин организатор на квалификацискиот турнир за Мундијалот 2021 година, во женски ракомет.

Селекцијата на Македонија требаше да гостува во соседна Грција во декември и да настапи против Исланд, Грција и Литванија во група, но работите се промениле и организаторот ќе претрпи промена.

Со ова може да се каже дека женската ракометна селекција е поблиску до пласман во баражот за настап на Мундијалот кој ќе се одржи догодина.

Од РФМ потврдиле дека ја прифаќаат со задоволство организацијата на турнир со четири селекции, настан кој ќе се одржи во ноември.

Мундијалот ќе се игра во Шпанија од 1 до 19 декември 2021 година.