Еве потенцијално решение: Екс тренерот на Јунајтед го носи Санчо во својот клуб за 45 милиони евра?

Италијанскиот весник „Ил Романиста“, тврди дека има проверени информации дека Жозе Мурињо со сите напори се обидува да го доведе Џејдон Санчо во Рома следниот период.

Со оглед на тоа дека англискиот фудбалер има отворен конфликт со клубот и тренерот Ерик Тен Хаг, реални се шансите тој да замине на позајмица во јануари или да биде продаден доколку за тоа се стекнат поволни услови.

Пред извесен период Тен Хаг потврди дека имаат расправија со Џејдон Санчо и дека поради неговото „проблематично однесување“ на терен и надвор од него, тој не е дел од тимот, па затоа го изолираа на последните тренинзи.

Како резултат на тоа, Санчо е суспендиран од првиот тим на Јунајтед, а Жозе Мурињо гледа одлично засилување во овој фудбалер.

Горе наведениот медиум тврди дека Мурињо од управниот одбор на Рома, побарал 45 милиони евра, со кои во јануари би го ангажирале Џејдон Санчо, единствен проблем може да биде неговата финансиска страна која е разорна во Јунајтед, а тоа Рома не може да си го дозволи.

Санчо заработува преку 200 000 евра неделно во Јунајтед, а што се однесува во Рома, најдобро платениот играч е околу 90 000 евра неделно.