Еве објаснување за пресметката на тенисерите во Орлеанс: Она што ми го рече, беше повод за потегот

Тенискиот свет беше изненаден од вчерашната сцена на натпреварот помеѓу Андреев и Корентин, кога по натпреварот, тенисерите се пресметаа на мрежа.

По приоѓањето на мрежа и честитката, се случи блиска средба, тензија а потоа и кратка физичка пресметка, која беше спречена од судијата да ескалира уште повеќе.

Французинот ја почна расправијата, но открива дека всушниот неговиот колега од Бугарија ја почнал расправијата со тоа што два пати го опцул.

Не би сакал да се извинувам за нештото кое се случи по мечот. Како смее еден професионален играч да си дозволи два пати да опцуе колега, ме гледаше во очи ми рече „еби се“, а потоа се случи тоа што се случи“, тврди Муте.

Андреев на овој меч триумфираше со 2:1, по пресвртот кој го режираше иако имаше негатива по првиот сет.