Еве каде се наоѓа дресот на Марадона од неговиот најславен меч

Дресот што го носеше Диего Марадона кога го постигна славниот гол „со Божја рака“ на мечот против Англија на СП 1986 во Мексико може да се продаде на аукција за два милиони долари откако славниот Аргентинец почина во средата, тврди еден американски експерт за спортски сувенири.

Дресот е во сопственост на поранешниот англиски репрезентативец Стив Хоџ кој го доби од Марадона по натпреварот во Мексико.

“Одев низ тунелот, а Марадона доаѓаше од спротивната насока. Само што го соблеков дресот и ги заменивме таму”, рече Хоџ, кој остана подолго на теренот по тој натпревар поради ТВ интервју

Дресот во моментот е изложен во Англискиот национален фудбалски музеј во Манчестер.