Еве каде ја губи Мерцедес брзината: Тото Волф откри каде им e проблемот сезонава во Ф1

Екипата на Мерцедес сезонава мака мачи со болидот и нивните перформанси на патеката.

По неколкуте трки сезонава, германскиот тим има очајни резултати за разлика од претходните неколку сезони, каде апсолутно беа доминантни над конкуренцијата.

Вчерашните квалификации покажаа дека Мерцедес малку напредувал напред, но се уште тоа е недоволно за нивното реноме. Хамилтон беше шести на гридот, додека неговиот клупски колега, Џорџ Расел, беше двојно послаб.

Напредувањето не е во склад со трудот кој го вложивме, разликата се уште е тука, но ќе успееме да ја стигнеме“, истакна Британецот.

Но Тото Волф откри дека имаат сепак друг посериозен проблем.

Потполно промашивме со експериментирањето. Болидот на патеката ни скока како кенгур, не знаеме до што е проблемот, работиме на тоа“, рече Волф.