Еве го проблемот за Надал: Дали тој со оваа повреда ќе игра во полуфиналето?

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал вчера имаше сериозни проблеми во дуелот со Тејлор Фриц, меч кој едвај го доби и се пласира во полуфиналето.

Тој по натпреварот веднаш призна дека не знае дали воопшто ќе го игра полуфиналето против Ник Кирјос, затоа што има проблем со повредата.

Надал цел натпревар имаше проблеми со стомакот, а потоа на тестовите било утврдено дека тој има расцеп на еден од мускулите на стомакот од седум милиметри.

Рафаел Надал сака да настапи на утрешното полуфинале против Австралиецот, но се уште не се знае дали ќе добие дозвола од лекарскиот тим за тој подвиг и евентуален обид за пласман во финалето.