Еурофарм пријави двајца ново инфицирани: Ќе го пролонгира ли РФМ почетокот на сезоната?

Последното тестирање против Ковид19 во редовите на Еурофарм Пелистер 2, покажале дека има двајца ново инфицирани.

Откако првиот ракометар беше ставен во изолација, на последното тестирање симтпоми пријавил уште еден ракометар, кој исто така бил веднаш оддалечен од тимот.

Ова може да претставува проблем за првенството, бидејки претходно и Тинекс Пролет пријави позитивни во своите редови, меѓу кои и голманот Петар Ангелов Диви, а ги имаат вкупно деветмина.

Битолската екипа деновиве требаше да игра меч против екипата на Татабања, но тој меч беше одложен во Лига Европа токму поради проблеми со Ковид19.

Останува да се види дали РФМ ќе донесе одлука за пролонгирање на првенството, кое првично требаше да почне следниот викенд, на 21 октомври.