Еурофарм Пелистер започна со чистка и во вториот тим

РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека двајца ракометари на крајот на сезоната ќе го напуштат клубот на истек на договорот.

Од следната сезона дресот на Еурофарм Пелистер 2 нема да го носат: Благојче Трајкоски и Милан Џукиќ.

Клубот искрено им се заблагодарува на професионалниот пристап и залагањето во изминатиот период. На сите им посакуваме успех во продолжувањето на кариерата на клупско и репрезентативно ниво. Семејството Еурофарм Пелистер секогаш ќе биде и нивно семејство.

Воедно овие двајца ракометари беа едни од најискусните во релативно младиот тим.