Еурофарм Пелистер си купи нов голман – од Египет!

Еурофарм Пелистер го ангажира голманот од Египет, Карим Хандави, еден од најдобрите голмани во неговата земја.

Хандави веќе договорил соработка со битолскиот ракометен колектив, а презентацијата во Битола ќе се случи откако ќе завршат неговите обврски со репрезентацијата, која ќе игра против Македонија во иста група.

По искуството во Замалек, во шампионатот на Египет, Хандави мина две сезони во првакот на Турција, Бешикташ, а последен клуб за кој настапуваше е романската екипа Доброгеа Суд.

Хандави доаѓа како слободен ракометар и ќе биде еден од ретките Африканци и само втор ракометар од Египет кој ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер.

Новиот голман на битолскиот клуб висок е 188 сантиметри и важи за импулсивен голман, со нескриен темперамент. Со египетската репрезентација освои злато на Африканскиот шампионат во 2016 година на домашен терен и во 2020 година во Тунис.