Еурофарм Пелистер потврди квалитетно засилување за идната сезона

Еурофарм Пелистер го потврди доаѓањето на Жарко Пешевски во своите редови од следната сезона.

Клубот од Битола донесе одлично засилување на позицијата пикер, човек со искуство, продорен играч кој ќе го носи максимумот со себе во Пелистер.

Договорот е потпишан на три сезони и наскоро ќе биде претставен како нов ракометар на битолскиот колектив.

Жарко Пешевски е шесто засилување за Еурофарм Пелистер за сезоната 2022/23, претходно пристигнаа Хосни, Лесијак, Дејвис, Руди Сери и Димитри Василјев. Пешевски е одлична опција за Пелистер, посебно ако се види неговото искуство и за кои клубови играл досега низ кариерата.