Еурофарм Пелистер ги доби противниците во Лигата на Европа, стартува со Ним

Екипата на Еурофарм Пелистер ги доби своите противници во групната фаза од ЕХФ Лигата на Европа, а познат е и распоредот на натпреварите кои ќе ги игра нашиот претставник во второто по квалитет натпреварување во Европа.

Битолчани се најдоа во Групата Д заедно со Татабања, АЕК, Спортинг, Ним и Кадетен Шафхаузен.

Новата сезона во Европската лига Еурофарм Пелистер ја стартува на 19 ноември кога ќе го пречекаат тимот на Ним, а групната фаза ја затвора исто така на домашен терен против атински АЕК во март.

Распоред на натпревари на Еурофарм Пелистер во ЕХФ ЕЛ:

19.10.2021 Еурофарм Пелистер – Ним

26.10.2021 Кадетен Шафхаузен – Еурофарм Пелистер

16.11.2021 АЕК Атина – Еурофарм Пелистер

23.11.2021 Еурофарм Пелистер – Татабања

30.11.2021 Спортинг Лисабон – Еурофарм Пелистер

07.12.2021 Еурофарм Пелистер – Спортинг Лисабон

15.02.2021 Ним – Еурофарм Пелистер

22.02.2022 Еурофарм Пелистер – Кадетен Шафхаузен

01.03.2022 Татабања – Еурофарм Пелистер

08.03.2022 Еурофарм Пелистер – АЕК Атина.