Еурофарм Пелистер доби група за мерак во ЕЛ

Македонскиот ракометен вицепрвак Еурофарм Пелистер ги дозна противниците во групната фаза за новата сезона на Европската лига на ЕХФ.

По одржа ждрепка денес битолчани ги дознаа ривалите во групната фаза каде што се распоредени 24 тима во 6 групи.

Еурофарм Пелистер за ривали во групата Д ги доби Татабања (Унгарија), АЕК (Грција), Спортинг (Португалија), Ним (Франција) и Кадетен Шафхаузен (Швајцарија).

Општ впечаток е дека битолчани добија група за мерак во која нема изразит фаворит и противници против кои може да се игра.