Еурофарм Пелистер доби директно место во групната фаза од Лига Европа

РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека според информацијата на Европската ракометна федерација (ЕХФ) доби директно место во групната фаза на ЕХФ Лига Европа.

Со посредство на вајлд-карта Еурофарм Пелистер со сигурност ќе игра меѓу 24 екипи во централниот сегмент на ова клупско натпреварување.

РК Еурофарм Пелистер 2 ќе се натпреварува во квалификации за ЕХФ Европската лига и својот европски пат ќе го започне од првото коло.

Првото коло од квалификациите ќе се игра на 27/28 август и 3/4 септември, а второто квалификациско коло ќе се игра на 27 септември и 4 октомври. Групната фаза ќе стартува на 25 октомври.