Еурофарм ја среди по свој терк екипата Гуиф од Шведска

Еурофарм Работник одлично го започна подготвителниот период за новата сезона.

Вицешампионите од домашното првенство, откако ги одработија подоготовките во Маврово, вечерва одиграа максимално ангажирано и победија против шведската екипа Ескилстуна Гуиф.

Резултатот е доказ дека се играло опуштено и отворено, Еурофарм победи со 35:31.

По оваа победа, следна дестинација за тимот на Алушовски е Струга, каде ќе бидат дел од традиционалниот меѓународен ракометен турнир.