Ето: ПСЖ може да освои се, тешко ми е да го гледам Мурињо во Рома

Големите напаѓачи како што беше Самуел Ето не можат да останат рамнодушни на офанзивната машинерија која ја има ПСЖ.

Камерунецот во разговор со шпанските медиуми зборуваше за дрим-тимот кој го направи францускиот гигант.

„Тимот кој Ал Келаифи и неговите соработници го направија е спектакуларен. Имаат причина да веруваат дека можат да освојат се што може да се освои. Не верував, како ни останатите, дека Меси ќе си оди од Барселона. Мислам дека ретко кој го очекуваше тоа. Но и тоа е фудбалот, специфичен свет во кој не можете баш се да предвидите што ќе се случи“, вели Ето.

Според него, ПСЖ направи голема работа што ги довел Меси и Серхио Рамос.

„Двајцата се големи играчи и привилегија е за ПСЖ што ги има во тимот. Париз како град е еден од најубавите во светот, а клубот е еден од оние во моето срце. Тоа е многу добра средина за нив. Тие се навикнати на притисок. Знаат како да се носат со него. По 20 години кариера, ништо кај нив нема да се промени. Напротив, за ПСЖ е добро да има вакви играчи во составот“.

А, никако не би требало да се заборави дека и Мбапе остана со „Светците“.

„Не знам какви понуди имал, но јас сум среќен што остана во ПСЖ. Зборував и претходно – Имаме два монструми, Роналдо и Меси, но тие се се поблиску до крајот на кариерите. Сите ние сакаме тие да играат вечно, бидејќи она што го покажуваат на теренот е неверојатно. Кога тие ќе си заминат, други ќе мораат да стапат на нивните места, е еден од тие играчи е Мбапе“.

Ето во кариерата соработуваше и освојуваше трофеи со Гвардиола и Мурињо.

„Со Гвардиола во првата сезона освоивме се, но Пеп имаше неверојатен тим. Со Мурињо приказната беше поинаква. Ни покажа дека и со поинаков тип на играчи можат да се освојуваат трофеи. Ми беше задоволство да играм за него во Интер. Тешко ми е како интериста да го гледам на клупата на Рома, но и понатаму ми е пријател“, подвлече Ето.