Епско финале на УС Опен: Тим испиша нова страница во историјата на тенисот

Доминик Тим е овогодишен победник на УС Опен откако по пресвртот успеа да го победи Александар Зверве со 3-2 во сетови. Беше 1-6, 4-6, 6=4, 6- 3, 7- 6 и така австрискиот тенисер стигна до својот прв грен слем.

Зверев се движеше кон својата прва победа на Грен слем турнирите, Германецот имаше 2-0 во сетови, направи брејк и во третиот сет, но следеше ментален колапс, па Тим на крајот се радуваше.

Австриецот направи брејк во четвртиот гем од третиот сет, за истиот да го повтори во десеттиот со 6-4 и да го намали резултатот. После тоа, започнува голем пресврт.

Во четвртиот сет и двајцата тенисери беа сигурни во својот сервис, а клучниот брејк Тием го направи во осмиот гем, отиде на 5-3 и во следниот сет го потврди својот сервис за 2-2 во сетови.

Решавачкиот сет беше драматичен. Започна со брејкови од двете страни. Зверев повторно го одзеде сервисот на Тием и отиде на 5-3, но тврдиот Австриец се врати со два брејка и поведе со 6- 5, но ја загуби играта кога сервираше за мечот.

Победникот беше решен со тај-брејк во кој Тим беше повешти. Во т.н. 13-от гем беше 8- 6 за Австриецот кој стана првиот тенисер во историјата со освојување на Грен слем турнир откако заостануваше 0-2 во сетови.