Енди Мареј: Не сакам да го шутирам Новак додека е на земја, случајот премногу се одолжи

Додека голем број колеги на Новак Ѓоковиќ се тркаат кој повеќе ќе го оцрни, има и такви кои знаат што е човечност. Еден од нив е и Енди Мареј, кој од почетокот на целиот случај не зазема страни.

Истакна претходно Мареј дека светскиот број еден и освојувач на 20 гренд слем титули мора да објасни некои работи. Но, за разлика од други, тој не се огласуваше секој час, а сега даде една интересна изјава.

„Ситуацијата не е добра и нема да седам тука и да го шутирам Новак додека лежи на земја“, изјави Енди Мареј.

Случајот се одолжи и никој не знае уште колку ќе трае. Новак Ѓоковиќ го очекува ново судење, а поради севкупната ситуација загрижен е трикратниот гренд слем и двократен олимписки шампион.

„Ова не е добро за никого. Се оди некако несреќно и никој не знае што ќе се случи. Не знам каква е процедурата и по кој пат Новак би требало да оди. Дали може да се жали и колку тоа ќе трае? Дали ќе може да тренира? Се што сакам е што е можно побрзо да се реши ситуацијата, тоа би било најдобро за сите. Премногу се одолжи овој случај“, заклучи Британецот.