Емотивни сцени на култниот стадион и збогување на две клупски легенди во еден ден

Шкотскиот великан Селтик на фантастичен начин ја заврши сезоната, откако на својот Селтик Парк го совлада Мадервел со 6-0.

Селтик ја имаше обезбедено титулата порано, за денеска да ја потврди. По два гола постигнаа Фурухаши и Џакумакис, а по еден Турнбул и Џота.

Голем број на навивачи на култниот стадион исто така ги испратија во пензиај двете клупски легенди. Нир Битон влезе во игра 85 минути. По девет години ова лето, Израелецот го напушта Селтик.

Том Рогиќ, кој исто така играше за клубот во изминатите девет години, се прости од Селтик. Австралиецот има 29 години и поголемиот дел од кариерата ја помина во Шкотска, а не се знае каде ќе ја продолжи кариерата.

Селтик ја освои титулата по 10-ти пат во изминатите 11 сезони, а следната сезона ќе игра во групната фаза од Лигата на шампионите. Инаку, Ренџерс сега имаат само три титули повеќе од градскиот ривал, кој 52 пати беше државен првак.