Емотивната Ванеса откако го прочитала писмото од Коби: Посакував да сме сите заедно

Сопругата на починатиот Коби Брајант, Ванеса, на социјалната мрежа Инстаграм  пред неколку дена сподели фотографија со фановите.

Ванеса отворила писмо од Коби Брајант, а го прочитала за роденденот на 5 мај.

Вчера пронајдов плико со натпис на кого стоеше „За љубовта на мојот живот, од твојот Папи. Долго чекав да го отворам писмото, за мојот роденден. Ми даде нешто кое со нетрпение очекував да го отворам. Иронија е тоа што во пликото Коби ставил слика од мене на која има и ангел кој ме чува. Ми недостасува љубовта на животот, благодарна сум што се разбудив денеска со моите девојки, посакував сите да сме заедно“, напиша Ванеса на Инстаграм.

Познато е дека Коби својот живот го загуби во хеликоптерска несреќа, која привлече невидено медиумско внимание.