Емотивна порака на Вујо до фановите на Вардар: Гледате празна сала, ајде да ја наполниме!

Веќе извесен период, салите во Македонија беа празни, бидејки владееше и се уште владее Ковид19 вирусот, но од сезонава е дозволен одреден број на публика на трибините.

Токму во тој контекст, сега кога е дозволен одреден број навивачи да присуствуваат на натпреварите, тренерот на Вардар испрати порака до „Комити“ и до цела неутрална публика.

Еве зад мене е празната сала, минаа скоро две години кога Вардар играше без публика. Сега е во тек продажба на билети, посакувам да дојдете и да ја дадете поддршката на Вардар, затоа што без вас, Вардар не е Вардар“, порача Вујовиќ.