Емотивна порака на Алкараз по веста на Надал за Ролан Гарос

Карлос Алкараз е разочаран поради начинот на кој неговиот сонародник Рафаел Надал најави неучество на Ролан Гарос, турнирот кој е царство на големиот шампион.

Младиот и надежен тенисер од Шпанија за кого сите веруваат дека ќе биде идеолошки наследник на Рафа Надал, смета дека Надал ќе има шанса да се повлече како вистински шампион.

„Навистина е болно и тажно што не можеш да бидеш дел од овој турнир и да играш годинава. Но се надевам дека 2024 година ќе биде одлична за тебе и дека ќе имаш шанса да се простиш како голем шампион“, му порача Алкараз н надал.

Карлос Алкараз освои неколку важни трофеи последните неколку месеци, па навивачите во Шпанија и сеопшто во Европа, веруваат дека Надал ќе има достојна замена по повлекувањето.