Златан Ибрахимовиќ имаше важна улога во освоената титула на Милан оваа сезона во Серија А.
Милан по цели 11 години се врати на тронот на италијанскиот фудбал, а прашање е дали по овој трофеј Златан Ибрахимовиќ ќе реши да игра уште една сезона, или пак ќе реши да се повлече триумфално, со трофеј во раце.
Додека трае дилемата и кај навивачите околу Ибрахимовиќ, овој ја искористи ситуацијата и оваа титула му ја посвети на неговиот доскорашен агент Мино Раиола, кој неодамна почина.
„Ова Скудето е за Мино Раиола, за мојот агент. Ова е првиот трофеј во кариерата кој го освојувам, а Мино да не е во моја близина“, порача Ибрахимовиќ.