Емил Рајковиќ со Астана го освои Купот на Казахстан

Еден од најуспешните македонски тренери во странство стигна до нов трофеј во кариерата.

Со својата Астана, денеска го совлада Тобол со 102-66 и го одбрани трофејот во Купот на Казахстан. Тимот на Емил Рајковиќ играше само со домашни кошаркари, но и покрај тоа покажа дека разликата во квалитет е огромна.

За Астана ова е осма титула во Купот и четврта во низа. Во оваа деценија не го освои пехарот само во 2015 и 2016 година. За Рајковиќ е четврти трофеј во казахстанската кошарка откако во 2019 година триумфираше во Купот, а има и две титули од првенството на оваа азиска држава.