Елмас рамо до рамо со Белингем, Рајс, Камавинга, Тонали

На последните анкети на „CIES“ околу највредните млади играчи во Европа, се најде и македонскиот дијамант, Елиф Елмас.

Фудбалската опсерваторија со споменатото име CIES, создаде листа на најдобри фудбалери со најголем потенцијал и вредност во европската фудбалска јавност и може да се виде дека и Елиф Елмас е меѓу најдобрите.

Според анализите на оваа институција, Елиф Елмас котира доста високо, на третата, односно на делба на втората позиција заедно со Куртис Џонс од Ливерпул и Деклан Рајс од Вест Хем со по 70 милиони евра.

Најнапред на оваа листа е фудбалскиот бисер на Борусија Дортмунд, Џуд Белингем со 120 милиони вредност, а под Елмас следуваат Камавинка од Реал со 60 милиони, па Сандро Тонали од Милан со 50.