Елмас конечно блесна во очите на тренерот: Но сега има една друга разлика во корист на Македонецот

Очигледно дека Лучијано Спалети гледа сосема различно кон Елиф Елмас од она како го гледаше Џенаро Гатузо претходно.

Откако Наполи пред неколку дена ги почна подготовките за новата сезона, Спалети во Елмас препознава мултифункционален играч и на првите односи со јавноста, го пофали македонскиот интернационалец.

„Елмас е многу карактеристичен играч, кој може да ви биде корисен на повеќе позиции, тој е исклучителен играч, за нас е феномен со важна улога во нашата игра“, констатира Спалети.

Пред неколку дена, во првиот подготвителен натпревар на почеток од пред-сезоната, Елмас го постигна првиот гол и му даде до знаење на искусниот тренер дека и тоа како може да смета на него.

Сите добро знаеме дека Гатузо не го рангираше добро Елмас, но очигледно дека сега македонскиот интернационалец ќе ја добие својата тежина во очите на стратегот на Наполи, веројатно и со поголема минутажа од претходно.