Станојковиќ го објави составот: Елмас, Атанасов, Чурлинов и останатите ја предводат Македонија кон ЕП!

384

Селекторот на Македонија до 19 години Вујадин Станојковиќ го објави списокот со повикани фудбалери за Елитната квалификациска рунда за пласман на Европското првенство во Финска 2018 година.

Најталентираната македонска фудбалска репрезентација предводена од Елиф Елмас (Фенербахче), Јани Атанасов (Академија Пандев), Дарко Чурлинов (Келн), Димитар Митревски (Спортинг Лисабон) и останатите играчи од оваа квалитетна селекција ќе се обидат да дојдат до историски пласман на ЕП во Финска годинава, преку елитните квалификации.

Од 21. до 27. март, елитниот квалификациски турнир ќе се одигра во Скопје, а противници на Македонија до 19 години ќе бидат репрезентациите на Англија, Унгарија и Летонија. За натпреварите кои ќе се играат на тренинг центарот „Петар Милошевски“ и Националната арена „Филип Втори“ предводникот на Македонија ќе смета на следните фудбалери: