Талентираниот фудбалер на Шкендија Тетово, Дашмир Елези, си обезбеди трансфер во хрватското првенство, односно во фудбалскиот клуб Локомотива Загреб.
Трансферот е потврден директно од Шкендија каде преку официјалните канали и социјални мрежи, ги известија своите миленици за трансферот на Елези.
Интересен податок е тоа што Шкендија избоксувала интересна ставка во договорот на Елези, односно дека при неговиот следен трансфер некаде надвор од Локомотива Загреб, би им припаднале 10% од износот.
Елези е најмладиот стрелец на Шкендија, тој со само 16 години беше најмлад стрелец за тимот од Тетово. Елези во четири сезони за тетовската екипа одигра скоро 100 натпревари.