Екс возачот на Ред Бул: Не сум сигурен дека Верстапен има болид за титула

Марк Вебер кој некогаш возеше за Ред Бул, се сомнева дека Макс Верстапен има подготвен болид со кој може да дојде до шампионската титула оваа сезона во борба со Луис Хамилтон.

По второто место остварено во Турција, Макс Верстапен е лидер во првенството, што секако остава простор да се размислува во тој правец, но таа разлика се надополнува во само една трка, а до крајот на сезоната има уште барем неколку трки.

Валтери во Турција беше одличен, доста брз, Меѓутоа, по трката во Турција, не сум сигурен дека Верстапен има болид кој е подготвен да се носи со Мерцедес. Би изгубил многу пари затоа што би се обложил дека Макс сериозно ќе го загрозеше Ботас на врвот последната трка, но тој не беше ни одблиску до него, тоа ме изненади“.

Австралиецот верува дека Мерцедес може да се избори за титулата.

„Ми се чини дека сега имаат подобар болид од претходно. Патеките кои доаѓаат, им одговараат повеќе отколку на Ред Бул. Ќе биде интересно, но ми се чини дека Хамилтон има блага предност“, истакна Вебер.