Екс тренерот на Радукану ја нарече тенисерката Манчестер Јунајтед – но во негативна смисла!

Британската тенисерка Ема Радукану, која има потекло од Романија, се повеќе ја перципираат и споредуваат со фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед, во една негативна конотација.

Нејзината ситуација со тренерите, медиумите во Англија се повеќе ја споредуваат со онаа во Манчестер Јунајтед, каде за една година, се променети тројца тренери.

Јунајтед на почетокот од актуелната сезона беше предводен од Оле Гунар Солскјер, кој доби отказ, па дојде Ралф Рангник како привремена опција, па сега работата ќе ја продолжи Ерик Тен Хаг.

Ема Радукану ја прекина соработката со Торбен Белтц по шест месеци ангажман, а претходно се раздели и со други тренери. Таа на екс тренерот Најџел Серс му образложила дека сака „транзиција во тренерскиот модел“, па затоа го отпуштила, а овој ни две ни три и порача дека се повеќе изгледа како Манчестер Јунајтед откако го отпушти и Белтц.

Таква е перцепцијата, сега секој од тренерите се прашува дали да ја прифати нејзината понуда бидејки не сака да биде тренер кој наскоро ќе добие отказ. Таа дојде до точка во која наликува на Манчестер Јунајтед, место каде се менуваат брзо тренерите“, порача Најџел Серс, кој работеше со Радукану пред Белтц.