Екс тренерот на Пандев доби нова улога во Украина – Зеленски го испрати Шевченко на важна мисија

Украинската фудбалска легенда, Андриј Шевченко, стана прв амбасадор на фондацијата за обнова и развој на Украина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, го имануваше поранешниот украински селектор за амбасадор на споменатата фондација, која по војните дејствија, треба да ја возобнови Украина, инфранструктурно пред се.

Зеленски на Твитер ја соопшти оваа информација, каде истакна дека Шевченко под закрила на државата, има нова мисија.

Шева сега има нова мисија, на светот да му ги разјасни случувањата во Украина и да го искористи своето влијание за собирање на меѓународна помош. Сигурен сум дека ќе успее во тоа“, порача Зеленски.

Мојот приоритет во моментов е да и помогнам на мојата земја Украина, а не да се занимавам со фудбал“, порача Шевченко.