Екс тренерот на Федерер: Причината поради која Надал секогаш ќе биде фаворит на Ролан Гарос

Некогашниот тренер на Роџер Федерер, Пол Анакон, истакна дека би бил шокиран од тоа ако Рафаел Надал не би го освоил секој следен Ролан Гарос се до крајот на неговата кариера.

Не гледам зошто тој не би можел да дојде до 20. Грен слем трофеи, Рафа ќе биде фаворит за титулите на Ролан Гарос се додека игра професионален тенис, односно додека може да оди“, истакна Анакон.

Анакон со Федерер соработуваше на почетокот од оваа деценија, а со него швајцарскиот ас повторно се врати на врвот од АТП листата.

Надал едноставно продолжува да ме импресионира, мислам дека клучна работа кај Надал е едноставноста. Знае што не може да контролира, а знае и што може и мислам дека тоа доста му помогна во кариерата“, се надоврза Анакон.