Екс шампионот од УС ОПЕН: Ѓоковиќ по она со топчето, направи потег кој му направи поголема штета

Некогашниот шампион на УС ОПЕН, Енди Родик, ја искоментира ситуацијата од овогодинешното издание на турнирот во Њујорк околу Новак Ѓоковиќ.

Родик смета дека ненамерниот потег на Ѓоковиќ ќе влијае во голема доза на неговата понатамошна кариера и тоа на прилично негативен начин.

Последните 6 месеци за него се вистински дебакл. Во овој период од кариерата, кога сите ги сакаат Надал и Федерер, Новак на некој начин станува негативец во очите на публиката. Ѓоковиќ е човек кој сака да ја убие „бамби“ во очите на љубителите на тенисот“, истакна Родик.

Родик го опиша инцидентот со залутаното топче и линиската судијка:

„Тоа беше доста несреќен случај, се донесе во ситуација да ја повикуван несреќата и потоа да мора да се извинува а луѓето да го гледаат како негативец. Она што најмногу му ја влоши ситуацијата беше тоа што побегна од пресконференцијата“, смета Енди Родик.