Екс кошаркар на МЗТ Скопје и македонски зет одбил карантин во шатор и пешки се вратил за Романија

Поради актуелната ситуација со корона вирусот, група српски спортисти, кошаркари и одбојкари се соочиле со сериозен проблем.

Имено како што пренесува српски „Курир“ станува збор за Страхиња Јовановиќ, Деајн Боровњак, Марија Зеленовиќ и Андрија Бојиќ, екс кошаркар на МЗТ Скопје и македонски зет.

Тие околу три часот со такси дошле до Романско – Срспката граница каде им било кажано деак мора во карантин од 14 дена во населбата со шатори.

Спортистите одбиле со образложение дека веќе ги чекаат посебни станови за изолација, но властите во Србија одбиле, по што спортистите пешки се вратиле до најблискиот градо во Ромаија.