Екс-играч на Реал приведен поради детска порнографија

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Борусија Дортмунд, Шалке и други клубови Криштоф Мецелдер е уапсен заедно со уште неколкумина Германци поради поседување фајлови со детска порнографија.

Мецелдер бил на семинар за тренери кога го изненадиле полициски агенти и го одвеле дома да извршат претрес по налог на обвинителство.

„Отворено е досие против 38-годишен Германец поради сомнение за трговија со детска порнографија. Тоа вклучува и дигитални снимки“, изјави Лиди Ехтеринг, портпаролка на обвинителството во Хамбург.

Пријавата ја поднела жена која една година била во врска со 38-годишниот поранешен фудбалер.