Екс газдата на Вардар заврши на црната листа на САД

Американската Амбасада во Скопје соопшти за одлуката на Министерството за финансии на САД според која се воведуваат санкции против уште неколку лица.

Меѓу нив се Ратка Куноска Камчева, мајка на бизнисменот Јордан Камчев, руско-македонскиот бизнисмен Сергеј Самсоненко и неговата сопруга Ирина Самсоненко.

Во соопштението Министерство за финансии на САД се наведува дека Самсоненко, неговата сопруга и мајката на бизнисменот Камчев, се означени од САД, односно додадени на листата за санкции, бидејќи го помагале Јордан Камчев обезбедувајќи му материјална, финансиска или технолошка поддршка.

За потсетување Самсоненко се прослави во Македонија и ги освои симпатиите на јавноста по успесите на ФК, РК и ЖРК Вардар.