Берни Екелстон, некогаш првиот човек на Формула 1, не зборуваше позитивни за Луис Хамилтон и неговата сезона во тимот на Мерцедес оваа година.
Седумкратниот светски шампион е далеку од борба за првото место и тоа, според 91-годишниот Еклстоун, може да доведе до порано прекинување на соработката меѓу Хамилтон и Мерцедес.
„Искрено, не би бил изненаден доколку Тото Волф почне да бара излезна варијанта за заминување на Хамилтон. Мислам дека може да изведе еден од неговите магични потези.
Наместо да му дава на Луис 40 милиони фунти годишно, тој ќе понуди некому 20 милиони фунти и ќе заштеди голема сума за тимот“, истакна Еклстоун.
Британецот исто така смета дека Хамилтон лесно ја прифаќа моменталната ситуација кога не е конкурентен во борбата за титулата.
„Како да го загуби натпреварувачкиот дух. Не се грижи и не го дава својот максимум. Важно е тој да привлече внимание кон себе со смешната облека што ја носи. Само така може да се забележи оваа сезона“, изјави Еклстоун.
За разлика од Хамилтон, неговиот клупски колега Расел ги заврши сите девет трки меѓу првите пет.
„Искрено не верував во Расел. Сепак, сега можам да кажам дека Мерцедес не заврши добро, туку фантастична работа со тоа што го донесе. Би сакал Хамилтон да му помогне уште повеќе“, заклучи Еклстоун.