ЕХФ спрема црно сценарио за Вардар – владее голема неизвесност

Специјализираниот ракометен сајт „Балкан Хендбол“ пренесува дека Европската ракометна федерација (ЕХФ) ќе му забрани на Вардар да учествува во новата сезона од Лигата на шампионите.

Истиот извор како причина за оваа одлука ЕХФ ја наведе нерасчистените финансиска конструкција со кој се соочува екипата на Вардар.

Нешто слично и се закануваше и пред почетокот на минатата сезона, но тогаш на крај „црвено-црните“ добија шанса да настапат во елитнотно натпреварување.

Конечна одлука околу случајот со Вардар се очекува до крајот на неделата и сите навивачи на скопскиот клуб се надеваат сепак дека се ќе заврши добро на крај.