ЕХФ со поздрав за најголемите: ВАРДАР, добредојде во Келн!

Вардар го очекува уште еден бурен период во Фајнал фор натпреварите, „црвено-црните“ и сезонава обезбедија пласман меѓу најдобрите 4 екипи.

На први и втори јуни во Ланксас арена повторно ќе се натпреварува македонски претставник, помеѓу великаните, Барселона, Веспрем и Кјелце.

Полуфиналето Вардар го игра против силната Барселона, тимот кој во 2017 година го елиминиравме токму во полуфиналето и си го трасираа патот кон финале и прва европска титула.

На помалку од месец дена до главниот настан, ЕХФ со посебно видео ги поздрави сите учесници во завршницата, меѓу кои и Вардар.

Најавата за Ф4 и добредојде-то за ВАРДАР проследете го ОВДЕ.