ЕХФ, реагирај: Среден прст од навивачите на Келце за Дибиров

Вардар доживеа уште еден тежок пораз во Лигата на шампионите оваа сезона, на задоволство на навивачите на Келце кои воопшто не го сакаат нашиот тим.

Дека е така покажаа во текот на мечот кога со голем транспарент му покажаа среден прст на еден од нашите најдобри играчи Тимур Дибиров.

Ако ЕХФ има доблест, Полјаците за ова треба да бидат жестоко парично казнети, исто како Вардар минатата година кога мораше да плати огромна сума за транспарентот на кој пишуваше „Талант, петух“.