ЕХФ по исклучувањето на Вардар од ЛШ, со нов удар за македонскиот ракомет

Како гром од ведро небо одекна веста дека ЕХФ реши да го исклучи Вардар од учество во новата сезона на Лигата на шампионите.

Ако ова беше лоша вест, а со сигурност е, тогаш попладнево дојде уште една неповолна вест за македонскиот ракомет.

Истата се однесува на тоа дека Македонија во новата сезона на ЛШ нема да има свој претставник, за првпат по далечната 2000/2001 година.

Ова стана јасно откако на местото на Вардар ќе игра еден од тимовите кои аплицирале за „вајлд-карта“. .

За „вајлд-карта“ ќе се борат Алборг, Гранољерс, Нант, Веспрем, Виска Плок, Спортинг и Баја Маре, ППД Загреб, Елверум, Истадс, Мотор Запорожје, Кадетен Шафхаузен и Целје Пивоварна Лашко.

Според некоја логика местото на Вардар требаше да му припадне на вице шампионот Еурофарм Пелистер, но тоа нема да се случи – па слободно ова може да се протолкува како уште една контроверзна одлука од ЕХФ.