ЕХФ одлучи: Вардар освои нови три бода во ЛШ, Е.Пелистер и Металург впишаа по една победа

Европската куќа на ракометот (ЕХФ) донесе конечна одлука за натпреварите кои во изминатиот период не можеа да бидат одиграни во ЛШ и ЛЕ.

Вардар, Е.Пелистер и Металург сега заработија службени победи и прокнижија нови бодови во своите групи.

Вардарци успеаја да добијат три бода, за три неодиграни натпревари во групата од ЛШ, прогласен е победа на Вардар против Фленсбург. Тогаш „црвено-црните“ не отпатуваа во Германија пред се поради ситуацијата со Ковид19, а впишаа и бод на гостински терен кај ПСЖ, кој е регистриран официјално со резултат 5:5.

Е.Пелистер успеа да запише службена победа против РНЛ, меч кој требаше да се игра во Македонија, но поради отежнетата ситуација со Ковид19 гостите од Германија не допатуваа.

Металург исто така заработи два дополнителни бода за одложениот меч со француски Тулуз во Лига Европа, бидејки за тој меч, гостите одбија да патуваат во Македонија.