ЕХФ го објави ранкингот на екипите, Вардар е седми фаворит за трофејот од ЛШ

ЕХФ го објави традиционалниот ранкинг на екипите во пресрет на почетокот на новата сезона во Лигата на шампионите.

На врвот на листата, а со тоа и прв фаворит за освојување на европскиот трон е унгарски Веспрем, додека пак актуелниот европски шампион Вардар е пласиран на седмата позиција.

„Вообичаено е првото место да му припаѓа на бранителот на тронот, но за жал Вардар остана без голем број од клучните играчи во текот на летото. Да се отпишат овие момци е грешка бидејќи минатата сезона дојдоа до титулата иако никој не им даваше шанса за тоа. Клубот од Скопје ќе има тешка задача во новата сезона, а првите неколу недели од сезоната ќе покажат многу работи“, стои во текстот на ЕХФ посветен на Вардар.

По Веспрем, втор фаворит според ЕХФ е Барселона, па следуваат ПСЖ, Кил, Килце, ПИК Сегед, Фленсбург, Монпеље и Мешков Брест.

Вардар сезоната во Лигата на шампионите и одбраната на тронот ја започнува следната сабота со гостувањето кај Монпеље.