ЕХФ ги потсети „Комитите“ на Карачиќ и што тој рече за нив откако се пресели во Кјелце

Денеска од 17:30 часот Вардар во дербито на колото во групата Б, го пречекува незгодниот Кјелце.

Со Кјелце, во Скопје се враќа и неповторливиот борец на Вардар од минатото, Игор Карачиќ, за кој навивачите на Вардар уште жалат.

Пред самиот меч денеска во „Јане Сандански“, ЕХФ не потсети на едно од последните интервјуа на Карачиќ околу Вардар по самата преселба во Кјелце.

Едноставно тоа беше нешто неверојатно, Вардар буди силни емоции во емоции, навистина беше доста тешко. Мислам дека по мечот два часа бевме заедно со навивачите во салата, никој не сакаше да си замине. Тоа е нешто кое неможам да го опишам, но уште помило ми беше што Вардар и понатаму има средства и дека и понатаму ќе функционира“, рече Карачиќ