Ех да беше жив сега Лауда: Леклер го оштети болидот на легендарниот Австриец

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, учествуваше на едно посебно случувањео во „Monaco Historic GP“, каде го возеше некогашниот шампионски модел на Ники Лауда и на крајот заврши со незгода.

Леклер имаше чест да го вози болидот Ферари 312 Б3, кој датира некаде од седумдесетите, болид кој своевремено му припаѓаше на Ники Лауда.

За време на првиот круг, Леклер возеше полека, но подоцна забрза и во третиот круг ја загуби контролата над болидот, па го оштети задниот дел, се заби во бариерата во свиокот Ла Раскасо.

Подоцна Моначанецот ја откри причината за несреќата:

Ги загубив кочниците, ги немав за да реагирам навремено. Кочев, но педалата беше тврда, потоа пропадна. Имав среќа што тоа се случи на овој свиок“, истакна возачот на Ферари.

Леклер кој живее во Монако, во моментов е лидер во генералниот пласман во Ф1 шампионатот.