Македонската ракометна селекција денес ги започна подготовките за квалификацискиот меч за пласман на ЕП против Португалија.
Веќе на првиот ден селекторот Кире Лазаров се соочи со сериозни проблеми во играчкиот ростер.
Ако веќе при објавување на списокот се знаеше дека ќе ги нема Дејан Манасков и Гоце Георгиевски, сега следеа низа откажувања.
Како што кажа селекторот Лазаров, левиот бек Филип Талевски го известил дека поради семејни причини не може да одговори на повикот.
Од Еурофарм Пелистер исто известиле дека Атанасијевиќ не е во можност да се појави на собирот, а од овој тим отпаднаа и Пешевски и Танковски поради повреди.
Ова се сериозни проблеми за Лазаров кој на тешкото гостување во Португалија на располагање ќе има состав на ракометари кои се мошне млади.