Македонскиот женски ракометен шампион, тимот на Ѓорче Петров е пред необична ситуација, откако голем дел од ракометарките најавиле или веќе заминале од клубот.
Не е позната причината, но јасно е дека има големи „поместувања“ во тимот кој неколку години наназад е сигурен и ја освојува двојната титула во првенството и Купот на Македонија.
Приказната за силен женски ракометен тим Ѓорче Петров ја започна пред 4 години, кога во своите редови ги имаше најдобрите ракометарки од државата, при што без поголеми проблеми доаѓаше до титулата. Овој тим имаше и завидни настапи во Европа изминатите сезони.
Се поставува прашањето, што се случува во тимот и со каков ростер ќе настапи во евро квалфикациите, ако се знае дека веќе интернационалките заминаа, а поголемиот дел од домашните ракометарки или потпишаа со други клубови или се во најава да го сторат тоа.